Општина Центар: По Нова година, постои закана децата од градинката „Кочо Рацин“ да останат незгрижени

Од:

Неизвесно е дали по новогодишните празници, родителите на децата од градинката „Кочо Рацин“ ќе имаат каде да ги згрижат своите деца, соопштуваат од Општина Центар.

Единаесетте вработени на определено време во матичниот објект на новоизградената градинка „Кочо Рацин“ се во неизвесност и чекаат дали Министерството за финансии ќе им ги продолжи договорите за времено вработување, кои завршуваат на 31.12. 2016 година. Во спротивно, по новогодишните празници, децата ќе останат незгрижени, затоа што групите ќе бидат затворени.

Неколку пати директорката се обраќаше до Министерството за труд и социјална политика, укажувајќи на итноста и сериозноста на состојбата.

Одговорот од Министерството беше дека ова барање, градинката ќе треба да го достави по стапување на сила на буџетот за 2017-та година. Буџетот беше донесен, но проблемот се уште не е решен. Ваква согласност за продолжување на договорите, во текот на вчерашниот ден добија повеќе градинки во Скопје

Денеска директорката, по насоки од МТСП, се обрати и до Државната комисија за спречување на корупција за продолжување на согласностите.

Комплетното функционирање на градинката се доведува во прашање, бидејќи од јануари 2017 година уште шест лица заминуваат во пензија.

И по 20 дописи и барања во 2016 година до Министерството за финансии, преку Министерството за труд и социјална политика, за пополнување на 8 испразнети и слободни места по основ на пензионирање, согласност за вработување нема.

Седумдесетина деца до двегодишна возраст, од општина Центар чекаат да бидат згрижени во групите јасли, иако градинката располага со 5 празни занимални токму за оваа намена, кои што се комплетно модерно опремени.

Би можело да ве интересира

Во стан во Центар е пронајден починат 62-годишен скопјанец

Герасимовски: Ја реконструираме „50 Дивизија“, градиме нова градинка во маалото, вложуваме во инфраструктурата на секоја населба во Центар

Герасимовски го посети штандот на ЈП „Паркинзи на Општина Центар“: Информативни табли со QR-код за брзо плаќање

Шанса за Центар: Вистината за планот за Треска, наместо 1500 ќе се населат 5000 жители

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Николоски: Со Лабудовиќ како иден градоначалник на Центар ќе најдеме решенија за сите проблеми во Маџир Маало

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Богдановиќ: Сообраќаен хаос во Капиштец, 150 градилишта, а иста инфраструктура

Горан Наумовски