Либанскиот Парламент денеска, со мнозинство гласови, ја одобри новата Влада на национално единство, која ќе биде под раководната палка на премиерот Саад Харири.
Денешното гласање следеше откако пратениците ја сослушаа и расправаа за политичката програма на новата влада, која ги наведе своите приоритети за следните месеци.
Собранието, што брои 138 членови, новата влада ја изгласа со 87 напроти четири гласа, со еден воздржан.
Новата 30-члена Влада на национално единство на премиерот Харири, беше објавена на 18 декември, речиси два месеца по изборот на новиот претседател на земјата, а премиерот изјави дека врвен приоритет ќе му биде да ја штити земјата од последиците на граѓанската војна во соседна Сирија.
Во Владата се вклучени претставници на повеќето политички групи во земјата, вклучувајќи ја и шиитската милитантна група Хезболах, која има две министерски места, пренесуваат американските медиуми.