Продажните цени на производителите на индустриски производи на домашниот пазар во ноември годинава се пониски за 0,7 отсто на месечно ниво и за 0,8 отсто на годишно ниво.
Според податоците на Државниот завод за статистика, продажните цени во ноември годинава во споредба со октомври лани, се пониски во групите Интермедијарни производи, освен енергија за 1,9 отсто, Енергија за 0,6 и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 0,1 отсто.
Во однос на ланскиот ноември, продажните цени се пониски во групите Интермедијарни производи, освен енергија за 5,1 проценти и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 0,5 проценти.