Чавушоглу: Невозможна е транзиција кон мир во Сирија во која е вклучен Асад

Од:

Транзицијата кон мир во Сирија, која го вклучува сирискиот претседател Башар ал Асад е невозможна, бидејќи опозицијата во таа земја нема да прифати, изјави денеска турскиот министер за надворешни работи Мевљут Чавушоглу.

Тој, исто така, потврди дека Турција подготвила договор во врска со планот за прекин на огнот.

Претходно, портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков истакна дека нема доволно информации за да ги коментира наводите на медиумите дека Турција и Русија постигнале договор во врска со планот за целосен прекин на огнот во Сирија, кој треба денеска на полноќ да стапи во сила.

Тој додаде дека Русија е постојано во контакт со турските колеги, со цел да ги разгледаат различните детали за можни разговори во Астана.

– Тоа се прави со цел да се најде политичко решение за Сирија, изјави Песков.

Турските медиуми денеска објавија дека Турција и Русија постигнале договор во врска со планот за целосен прекин на огнот во Сирија, кој треба да им биде доставен на сите инволвирани страни во сирискиот конфликт.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Турција уапси 234 лица во рамките на меѓународната операција против нарко-мафијата

Европол: Откриени четири главни мрежи за шверц на дрога во ЕУ и Турција

Турција започнува реставрација на куполата на Аја Софија

А1он

Разрешениот градоначалник на Истанбул: На суд сум затоа што победив на изборите

(ВИДЕО) Снежно невреме во Анкара

Горан Наумовски

„Њујорк Тајмс“: Постојат сомневања дека има повеќе од 100 локации со хемиско оружје во Сирија