Џез концерт на Мицанови во Виница

Од:

Со џез концерт на Гоце и Катерина Мицанови во придружба на гитаристот Зоран Михајлов, Домот на културата „Тошо Арсов“ синоќа ја заокружи Програмата за 2016 година.

Директорот на Домот на културата, Славко Данев, оценувајки ја годината како успешна, истакна дека во рамки на програмата имале над 50 настани.

– Имавме плодна година, гостувања во Македонија и странство. Нашиот ансамбл „Серенада“ гостуваше и на Фестивал во Италија, гитаристите гостуваа во Бугарија, имавме настап и во Турција. Задоволни сме и од она што го понудивме во рамки на осмото издание на годинашниот 8-ми Фестивал „Ин Виница Веритас“. Ја проширивме издавачката дејност со уште една нова книга на афоризми, организиравме голем број изложби, и на крајот најважно е што матичните форми во оваа институција работеа, школите за клавир и гитара, рече Данев.

Тој изрази надеж дека и следната 2017 година ќе биде уште поплодна на културен план во општина Виница.

Синоќешниот концерт го следеа голем број посетители.

Би можело да ве интересира

Започнува 6.издание на Џез фактори фестивалот во Битола

Ана Ололовска

Светски познатиот пијанист Дејан Илијиќ и стипендист на Беркли настапува вечерва на „Крај Вардарот Џез“

Ана Ололовска

Почнува фестивалот „Крај Вардарот Џез“ во Македонска филхармонија

Ана Ололовска

Џез фестивалот „Крај Вардарот Џез“ во Македонска филхармонија

Ана Ололовска

Во недела започнува Фестивалот на џез, ворлд и современа музика во Велес

Горан Наумовски

Концерт на Младинскиот оркестар при ЦК „Трајко Прокопиев“ во КИЦ на РСМ во Софија

Ана Ололовска