Пратеникот на ПАСОК и поранешен министер за здравство Андреас Ловердос денеска е исклучен од парламентарната група на социјалистите само неколку часа откако на својата Интернет страница објави дека формира ново политичко движење наречено Движење на радикална социјал-демократска алијанса.
Ловеродс соопшти дека формира ново движење во куса изјава објавена на неговата лична интернет страница и ги покани сите кои се согласуваат со ставовите и целите на основачот да ја потпишат основачката декларација на сајтот на движењето www.rikssy.gr.
Лидерот на ПАСОК Евангелос Венизелос само неколку часа подоцна со писмо до претседателот на Парламентот Евангелос Мимаракис, го исклучи Ловердос од парламентарната група на партијата. Според лидерот на социјалистите, со тоа што формирал политичко движење вон партијата, Ловердос сам се повлекол од ПАСОК.
Акронимот RIKSSY на новото движење е хомофон за грчкиот збор за раскол.