Коалициите и партиите ќе ги подигнат уверенијата за новите пратеници

Од:

Во Државната изборна комисија (ДИК) денеска попладне ќе бидат врачени уверенијата за новите пратеници избрани на предвремените парламентарни избори 2016.

Овој пат увреренијата, како што соопшти ДИК, ќе има бидат врачени на овластените претставници на коалициите и политичките партии кои освоија пратенички места, а не како досега лично на новоизбраните пратеници.

Се очекува по врачувањето на уверенијата, Собранието да го соопшти датумот на одржување на Конститутивната седница, која треба да биде свикана најдоцна до сабота, 31 декември, на полноќ.

Конститутивната седница, според најавите, ќе ја свика и со неа ќе претседава претседателот на Собранието во заминување Трајко Вељаноски.

Нема информација дали на истата седница ќе бидат избрани претседател и заменици претседатели на Собранието или само ќе бидат верифицирани мандатите на пратениците.

Деветтиот македонски парламентарен состав ќе има 120 народни избраници. Овој пат нема да има народни избраници од дијаспората поради недоволен број гласови. Најмногу мандати освои коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ 51, коалицијата предводена од СДСМ има 49 мандати, ДУИ 10, Беса – 5, Алијанса на Албанците – 3 и ДПА – 2.

Претседателот на Република Македонија е должен во рок од десет дена од конституирањето на Собранието мандатот за состав на Владата да го довери на кандидат на партијата, односно партиите што имаат мнозинство во Собранието. Мандаторот во рок од 20 дена од денот на доверувањето на мандатот, на Собранието му поднесува програма и го предлага составот на Владата.

Владата, на предлог на мандаторот и врз основа на програмата, ја избира Собранието со мнозинство гласови од вкупниот број пратеници.

Би можело да ве интересира

Во Собранието пратенички прашања – први на новиот парламентарен состав

Катерина Ѓуровски

Катерина Димитровска e новата пратеничка во Собранието

Катерина Димитровска пратеничка во Собранието на местото на Марија Митева

Собранието доби „глува соба“ за доверливи документи

Катерина Ѓуровски

Годишниот извештај за работата на јавните обвинителства пред собраниската Комисија за политички систем

Петрушевски: ЕК извештајот констатира дека судиите често избегнуваат одговорност преку правни лавиринти и застарување на предметите