Москва ја има највисоката зграда во Европа

Од:

Лондоскиот облакодер Шард повеќе не е највисоката зграда во Европа. Првото место го зазеде станбено-деловната зграда Меркјури Сити во Москва, пишува „Дејли Мејл“.

Облакодерот е висок 338,82 метри, што е речиси 28 метри повеќе од Шард. Меркјури Сири има 75 катови, пет повеќе отколку што беше предвидено во 2005 година, кога почна изградбата.

Зградата ја дизајнираа рускиот архитект Микхаил Посокхин и американскиот архитект Франк Вилијамс, а се очекува работите целосно да завршат до крајот на годината. Имено зградата стана највисока во Европа уште за време на изградбата.

Меѓутоа владеењето на Мерјкур Сити ќе биде кусо, бидејќи во текот на следната година ќе биде завршен соседниот облакодер од 506 метри, Федерејшн Тауер.

Во светот има речиси 60 згради, повисоки од Меркјури Сити, а првото место го држи Бурј Калифа во Дубаи со 828 метри висина.

Би можело да ве интересира

Русите го затворија Каспиското Море за НАТО

Песков: Русија и САД имаат многу проблеми

Горан Наумовски

Приносот на жито во Русија годинава достигна 130 милиони тони

Руте: Русија ќе се обиде да го уништи украинскиот електроенергетски систем

Горан Наумовски

Захарова: Русија е секогаш подготвена за дијалог, а Финска треба да го напушти својот русофобичен курс

Во руските напади врз Украина во изминатите 24 часа беа повредени 15 лица