Српската актерка Злата Петковиќ почина денеска на 58-годишна возраст во Белград, една недела откако доживеа мозочен удар.
Здравствената состојба на актерката позната по нејзината улога како Марија во серијата „Враќање на отпишаните” брзо се влошува на седмиот ден откако доживеа мозочен удар.
Последна одиграна улога на актерката е во ТВ серијата „Селото гори, а бабата се чешел.”
Злата Петковиќ е родена на 11 февруари 1954 година. Првата филмска улога и беше во филмот на Милан Јелиќ „Бубашинтер”.
Академија за драмски уметности заврши во 1976 година, заедно со Богдан Диклиќ, Лилјана Стјепановиќ, Снежана Савиќ, Радош Бајиќ и Лазар Ристовски.