Четири милиони деца робови во Бангладеш

Од:

Повеќе од четири милиони деца помлади од 14 години во Бангладеш поголемиот дел од денот го поминуваат работејќи во многу лоши услови, борејќи се за егзистенција. Месечниот приход од работата на тие деца е десет долари, соопшти Меѓународниот фонд за помош на деца при Обединетите нации (УНИЦЕФ).

Бангладеш е земја која со години се бори со економската криза и каде минималната месечна плата изнесува 50 долари, додека полициските службеници во просек заработуваат околу 250 долари. Невработеноста во таа земја е екстремно висока. Иако уште од 1992 година е забрането искористувањето на деца за работа, голем број мали деца во Бангладеш илегално се користат како евтина работна сила.

Според најновите информации на Меѓународниот фонд за помош на деца при Обединетите нации (УНИЦЕФ), четири милиони деца на возраст под 14 години се уште се наоѓаат на пазарите на труд во Бангладеш. Поголем број од децата за да им помогнат на сиромашните родители, работат на пазарите, во леарници, цигланите, како и на желеничките станици.

Според информациите на УНИЦЕФ дневно во светот работа бараат околу 215 милиони возрасни лица. И покрај тоа, децата во Бангладеш немаат можност да одат во училиште, како ни да си играат со нивните врсници. Исто така УНИЦЕФ предупреди дека голем број деца работат како робови, принудени се да работат ризични работи, како што е растурање дрога, проституцијата или учество во вооружени судири.

Би можело да ве интересира

Нобеловец ќе ја предводи привремената влада на Бангладеш

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Хаос во Дака, војската е на улиците, воведен е полициски час, над 100 лица загинаа

Во Бангладеш 15 лица починаа поради жештините

Горан Наумовски

Бројот на загинати во пожарот во трговскиот центар во Бангладеш се искачи на 46

Земјотрес со јачина од 5,8 степени го погоди Бангладеш

Горан Наумовски

Голем пожар во Дака, изгоре комплекс за малопродажба на текстил со 3.000 продавници