Претседателот на Европската комисија Жан Клод Јункер ги повика фирмите што се сопственици на социјални мрежи повеќе да се потрудат во борбата против ширење лажни информации.
Според него, во интерес на тие компании е да преземат одлучни акции бидејќи нивниот кредибилитет е најголема предност.
Тој рече дека во Европа се многу вешти во разликувањето лажни од вистински вести, но е потребно повеќе за да се спречи влијанието на измамниците врз изборни кампањи. Имено, Германија планира дури и закон против лажни вести на социјални мрежи.