Училиштата „Иднина“ и „Златан Сремец“ добија новогодишна донација интерактивни табли

Од:

Училиштата за деца со пречки во развој „Иднина“ и „Д-р Златан Сремец“ добија новогодишна донација интерактивни табли.

Станува збор за донацијата на компанијата ОКТА од каде посочија дека интерактивни или паметни табли носат продобивки и за наставниците нудејќи им можност на интересен и ефикасен начин да ја доближат наставната програма до учениците.

Интерактивните табли како нов и современ начин за изведување на наставата, истакнуваат од компанијата, ќе ги задоволат потребите на двете училишта, каде одговорните велат дека значително ќе се олесни секојдневната работа.

– Оваа табла за нас значи голем чекор напред. Имаме можност за применување на наставни содржини од наставни предмети за индивидуална и групна работа, начинот на презентирање да биде исклучително интересен и во процесот на учење да употребиме различни игри за да се научи материјалот, односно да се постигнат веќе поставените цели. Донацијата се однесува на нешто што ќе остане трајно во училиштето и знаеме дека ќе има ефект кај децата, а со тоа го следиме развојниот тренд во воспитно образовниот процес, изјави директорката на ПОУ „Иднина“, Анета Петровска.

Директорката на ПОУ „Д-р Златан Сремец“, Ана Шикалеска рече дека кога се работи со деца со посебни потреби мора да се најде начин полесно да ја предадете материјата. – Со помош на паметните табли ова ќе биде полесна задача за нас, а и олеснување на процесот на совладување на наставните единици за децата. Благодариме за ваквата донација и се надеваме дека и други ќе ја препознаат потребата од донации за училишта како нашите, додаде Шикалеска.

Би можело да ве интересира

Уште една победа на хуманоста и човечноста – собрани средствата за операција на Слободан Попов – Цобе

Ана Ололовска

Двајца кичевци со хуман гест за младо момче со посебни потреби

Ана Ололовска

Исклучително: Месут Озил спаси 219 детски животи!

Апел на МД „Илинден“: Да му помогнеме на Алекс, да бидеме хумани

Ана Ололовска

Хуманитарна иницијатива „Ride4Women“

Ана Ололовска

Хуманоста победи, Сара се врати дома жива и здрава

Ана Ололовска