Пронајден починат планинар во домот „Вртешка“ на Плачковица

Од:

Во планинарскиот дом „Вртешка“ на планината Плачковица  вчера е пронајден починат Љ.Д. (59) од Штип.

Како што информира денеска Министерството за внатрешни работи во редовниот билтен, во СВР Штип вчера во 05.45 часот П.С. пријавил дека во планинарскиот дом „Вртешка“ е пронајден починат Љ.Д. Починатиот планинар, кој бил со срцеви заболувања, отишол во домот завчера околу 13 часот.

Увид извршила увидна екипа на СВР Штип.

По наредба на јавен обвинител телото на Љ.Д е пренесено во Клиничка болница Штип, каде ќе биде извршена обдукција.

Би можело да ве интересира

Во сообраќајка на патот Битола – Прилеп загина 17годишна девојка

А1он

Млад возач од Крушопек прегази во Скопје гевгеличанка на велосипед

А1он

Пронајдени двајца починати мажи во Тетовско

Во напуштена куќа пронајден починат 49-годишен скопјанец

Ја гризел, ја влечел за коса пред двегодишната ќерка, се бара притвор за насилник од Скопје кој ја нападнал сопругата

Прегазено дете во Штип