Кошаркарите на Црвена звезда ја продолжија победничката серија откако синоќа на гостувањето во Загреб ја победија Цедевита со 95:91 во натпревар од 15. коло од АБА лигата. „Црвено-белите“ имаат максимални 15 победи.
Домаќинот Цедевита ја доби првата четвртина со 22:13, а во останатиот дел гостите беа подобриот ривал и во вториот период направија пресврт, па водството го одржуваа до крајот на дуелот. Најефикасен на дуелот беше Џамар Ботрајт со 31 поен, а кај белграѓани најпрецизен беше Марко Симоновиќ со 27 поени.
Од оваа рунда се одиграа вкупно четири натпревари:
Игокеа – Карпош Соколи 79:71,
Партизан – МЗТ Скопје Аеродром 91:76,
Мега – ФМП 76:72 и
Цедевита – Црвена звезда 91:95.
Вечерва играат: Задар – Будуќност, додека утре се дуелите Крка – Олимпија и Морнар – Цинона.
Табела: Црвена звезда 15-0 (победи-порази), Партизан 12-3, Цедевита 10-5, Цибона 10-4, Будуќност 10-4, Игокеа 8-7, Олимпија 6-8, Мега 5-10, ФМП 4-11, Карпош Соколи 4-11, Задар 5-9, МЗТ Скопје Аеродром 4-11, Крка 5-9, Морнар 4-10.