Поглаварот на Римокатоличката црква, папата Франциско, во традиционалното божиќно послание „До градот и светот“ („Urbi et Orbi“), им посака мир на сите оние кои загубиле некој близок при терористички акти.
– Мир на оние кои загубиле свој близок поради жестоките акти на тероризам, кои посеаја страв и смрт во многу земји и градови, изјави папата во денешното обраќање на плоштадот „Свети Петар“ во Рим.
Во обраќањето пред околу 40.000 верници собрани на плоштадот, папата рече дека во време кога треба да владее согласност и мир, чиј симбол е новородениот Исис, светот се соочува со војни, насилство и страдања.
Тој им поска мир и на оние луѓе кои „страдаат поради економски амбиции на поединци, поради алчноста и љубовта кон парите, што водат кон ропство“.
Папата во своето послание апелираше за мир „во измачената Сирија, каде веќе се пролеа претерано многу крв“.
– Време е оружјето (во Сирија) конечно да замолчи и меѓународната заедница да се вклучи активно во изнаоѓање решение преку преговори, порача понтифот.
Тој се осврна и на израелско-палестинскиот конфликт, повикувајќи ги Израелците и Палестинците „да соберат храброст за да напишат нова страница во историјата“.
– Израелците и Палестинците треба да соберат храброст и решителност да напишат нова страница во историјата, на која омразата и одмаздата ќе и отстапат место на волјата за изградба на зедничка иднина базирана на взамено разбирање и хармонија, истакна папата Франциско.
Тој повика и на ставање крај на „фундаменталистичкиот тероризам“ во Нигерија и на запирање на злосторставта на групата Боко Харам, чии припадници за време на нивната седумгодишна борба за формирање на „исламска држава“ во регионот, убија околу 15.000 луѓе.
Папата апелираше и за ставање крај на тензиите меѓу власта и опоаицијата во Венецуела, за хармонија во Колумбија, каде неодамна беше потпишан договор за прекин на повеќедецениската војна меѓу владините трупи и герилската група Револуционерни вооружени сили на Колумбија (ФАРК), како и за решавање на споровите на Корејскиот Полуостров и во Мјанмар.