Голема раздвиженост на гласачкото место 2011 во Теарце, каде денеска се прегласува. До сега, гласањето се одвива во најдобар ред, освен малата пречка во 8:30 часот, кога УВ ламбата и резервната ламба не работеа, но во 9 часот гласањето продолжи.
Граѓаните велат дека очекуваат промени. Велат, очите на целиот свет денеска се вперени кон Теарце.
– Кој е подобар тој нека победи. Цел свет сега е во Теарце, не само Македонија, вели жителка на селото.
Според другите граѓани, се очекува само подобро.
– Очекуваме да има промени, да се среди економската состојба, вели граѓанин.