Шест лица меѓу кои две деца се повредени кога минибусот со кој патувале од Кичево кон Гостивар излетал од патот и се превртел. Сите се згрижени и се надвор од животна опасност.
Според СВР Тетово, незгодата се случила утрово околу 6 часот на магистралата Кичево-Гостивар во непосредна близина на мостот до селото Сретково.
Возачот Ш.Ж. (40) изгубил контрола, најверојатно поради неприлагодена брзина на условите на патот.
Штетата на возилото, сопственост на фирмата „Еуробус” е над 200 илајди денари.