Заев: Режимот и диктатурата завршија, следуваат логични одлуки по тоа

Од:

По денешнта прес конференција претседателот на СДСМ Зоран Заев одговараше на новинарски прашања, во продолжение дел од нив:

Зборувате како да сте вие мандатар. Дали тоа значи дека имате можност и пратеници …?

-Ние сме убедени дека режим и диктатура завршија во Македонија. Апсолутно логичноста на одлуките коишто следат во Македонија се нешто коешто воопшто не треба да не изненади.

П2: Дали тоа значи дека доколку не се промени резултатот по прегласувањето во Теарце дека сепак вие ја имате довербата од албанските партии?

-Цело време ние укажуваме дека треба да бидат следени процедурите и почитувани државните институции, Државната изборна комисија и Управниот суд, иако апелиравме дека евентуална промена на севкупниот број на мандати не влијае на тоа кој ќе ја формира Владата. Сепак заради вистината и фактите, процесот треба да заврши демократски, регуларно и кредибилно.

П3: Вашиот говор упатува на тоа дека вие сте сигурни дека ќе бидете во позиција да формирате Влада. Дали веќе разговарате со партнери кои ќе ви овозможат мнозинство во Парламентот?

-Очекуваме да завршат сите процеси за да почнеме да разговараме со партнери. Редно е навистина да ги испочитуваме процесите и конечно изборниот процес да биде завршен и веднаш после тоа секако дека ќе разговараме.

П4: Лидерот на ДУИ најави дека ќе ги повика сите албански партии на заедничка средба, но доколку ве повика и вас како претставник на 70.000 граѓани Албанци дали ќе прифатите и вие да бидете дел од таа средба?

-Значи ние сме отворени за соработка и токму тоа апелираме баш кај албанските партии. Нивно придружување кон Груевски, како што реков, ќе значи поддршка на режим и диктатура. Нивно одважување кон реформите и демократските процеси коишто доаѓаат за Македонија е вистинскиот чекор којшто треба да го направат. Отворени сме, без разлика на кој повик, без разлика на која било од албанските партии којашто има пратенички места.

П5: Цело време се зборува дека сте добиле 70.000 гласа од албанските гласачи, дали сте направиле пресметка колку гласови, македонски, условно кажано, изгубивте заради таа кантонизација, федерализација?

-Беше режим и режимот завршува. Во вакви околности за нас гласачите се граѓаните. Не ги делиме буквално ни по етничка, ниту по социјална, ниту по некоја определба политичка, ја имаат или ја имале во минатото. За нас секој глас е важен и за нас секој граѓанин е важен. Сме посветени на поединецот, на човекот, тоа го ветивме на изборите и на тоа ќе бидеме фокусирани.

П6: Едно избирачко место еден важен избирачки ден. Што очекувате во недела? Имате ли некаква порака да упатите?
-Очекувам граѓаните да излезат да гласаат за она кое што за нив е најважно секако во нивната определба и нивниот глас за нас ќе биде испочитуван како и да го дадат. Очекувам да покажат разумност и трезвеност во однесувањето, посебно заради тоа што се однесува на едно избирачко место. Македонија ќе се цени и по тоа избирачко место, како што ќе се цени по остатокот близу 3.500 избирачки места. Важно е изборниот процес да заврши регуларно и кредибилно.  Сите знаат дека тоа е првиот чекор којшто Македонија мора да го направи и ништо помалку од тоа не смееме да си дозволиме.

П7: …со градоначалничката функција повторно ќе ве прашам дали имате договор за премиерска позиција?

-Советничката Катерина Кузмановска стана пратеник, таа беше заменик градоначалник од редот на советниците. Вчера само објавив дека друг ќе ја врши функцијата заменик градоначалник и реков дека ова е последна моја седница на Советот на општина Струмица оваа година.

П8: Доколку албанските партии не сакаат да соработуваат и не успеете да формирате Влада како што сте убеден, какво ќе биде делувањето на СДСМ во таква ситуација?

-Јас сум толку убеден што ни не сакам да размислувам во тој правец.

П9: Има ли некаков договор кога ќе се конституира новиот Парламент?

-Верувам дека ДИК е таа којашто ги толкува работите, а секако и сегашниот претседател на Собранието, Трајко Велјановски. Според нас и правните сектори, тоа значи 20 дена од денот на изборите треба да се конституира Собранието. Ако тоа не се случи на повик на сегашниот претседател на Собранието, на 21-от ден Собранието треба само да се конституира.

П10: Што разговаравте во понеделникот со италјанскиот амбасадор односно…?

-Значи заради тоа што судскиот процес се одложуваше на два пати, не можев јас да ја потврдам средбата со италјанскиот амбасадор, се оствари средба со италјанскиот конзуларен претставник или репрезент за она за кое што разговараме со сите амбасадори и со сите дипломати, а тоа е кредибилноста на изборите, регуларноста на самите избори, оекувањата кога ќе се конституира Парламентот, какви би биле условите за парламентарно мнозинство  и сл. Тоа што го соопштуваме со сите други дипломати со кои правиме средби.

П11: Имавте ли средба со Црвенковски и дали имавте…?

-Претседателот Црвенковски континуирано ја дава својата поддршка. Секако оставрив средба и со претседателот Црвенковски и со многу луѓе во целиот овој период и верувам дека секоја мудрост е добредојдена заради тоа што важни се и огромни очекувањата на граѓаните во периодот којшто претстои пред сите нас.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Цела јавност го осуди насилството над Арсовска, само Мицкоски ги поддржува насилниците

А1он

(ВИДЕО) Кузеска: Тошковски да си оди веднаш, тој е заштитник на мафијата

А1он

Филипче бара расчистување на случајот со нападот врз Арсовска и казнување на сторителите

Кузеска: СДСМ најостро го осудува нападот, владата да престане да ја заштитува мафијата

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Кузеска: Владата ќе потроши 1,8 милиони евра на кампања за ЕКСПО во Белград, а нема пари за Кочани и за пожарникарите

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Ковачки: СДС и нивната непромислена политика на веднење кичма ја донесе Македонија до степен на негација од Бугарија