Серијата на Линдзи Вон нема крај – во својата 20-та трка во Лејк Луис, феноменалната Американка ја запиша 14-та победа, а седма по ред!
Вон која во канадскиот центар има и пет втори и едно трето месо, славеше во супер велеслалом со врем од 1:22,82 мин., втората позиција го зазеде нејзината сонародничка Џулија Манкузо со 43 стотинки заостанување, а на подиумот како трета заврши Ана Фенингер од Австрија.
Одличниот период за американското скијање го заокружи Тед Лигети, кој во Бивер Крик славеше во велеслалом.
Победникот од Солт Лејк Сити беше убедливо најбрз во двете возења, зад себе ги остави Австриецот Марсел Хиршер (1,76 секунди заостанување) и Италјанецот Давид Симончели (2,07 секунди заостанување).