ФОТО: Занимални од соништата во центарските градинки

Од:

Новогодишна бајка, вселенски брод, џунгла, вака вредните раце и имагинацијата на децата од градинките од општина Центар ги замислија и изградија своите занимални од соништата.

zanimalni-gradinki-2

Општина Центар годинава го реализираше проектот – избор на најдобра и најкреативна занимална и ги награди најдобрите.

zanimalni-gradinki-3

„Воодушевен сум од она што го видов, навистина е тешко да се избере најдобро решение, предлог или замисла на нашите дечиња. Секогаш кога ќе дојдам овде, директорката подготвува некоја задача. Овој пат задачата е ова да стане традиција. Се разбира дека ќе стане традиција. Но, она што го видовме овде, вашиот ентузијазам не’ задолжува уште повеќе да продолжиме со нашата поддршка“, рече градоначалникот на општина Центар, Андреј Жерновски.

zanimalni-gradinki-4

„Општината Центар, градоначаликот и стручните служби имаат длабок сенс секогаш да ја поддржат психолошко-педагошката, воспитувачката и воспитно-образовната мисија на градинките. Затоа, секогаш го ставаат детето на највисокиот пиедестал, за во иднина децата да станат најдобрите граѓани на ова општество“, рече директорката на градинката „Раде Јовчески Корчагин“, Мирјана Василевска.

zanimalni-gradinki-6

Општина Центар, како и досега, ќе ги обезбедува најдобрите услови за воспитување и престој на децата и ќе ја поттикнува и наградува креативноста на децата.

zanimalni-gradinki-7 zanimalni-gradinki-8 zanimalni-gradinki-9 zanimalni-gradinki-10 zanimalni-gradinki-11

Би можело да ве интересира

Герасимовски најави нова градинка, двосменско работење на градинките, бесплатни оброци за ученици и два нови покриени базени

Мицкоски до Филипче: Народот салата ќе ве направи на избори, на митинзи ниту пратениците не ти доаѓаат, сам си со Заев

Герасимовски: Сите детски и спортски игралишта се обновени, следуваат нови инклузивни и пристапни игралишта за сите деца

Нови пешачки патеки, декоративно осветлување и повеќе зеленило долж улиците, тоа е мојата визија, вели Герасимовски

Горан Наумовски

Лабудовиќ: Редарска служба, засилени полициски патроли и современ систем за безбеден Центар

Предраг Петровиќ

Герасимовски: Продолжува проектот „Сервис за стари лица“ , поддршка за 90 пензионери во Центар