Во познатата листа на Лагард е вклучена и Маргарита Папандреу, сопруга на основачот на социјалистичката партија ПАСОК, Андреас Папандреу и мајка на поранешниот премиер Јоргос Папандреу, пишува грчкиот весник „Вима“.
Листата Лагард изминатиот период предизвикува вистинско политичко цунами во Грција. Според различни тврдења на листата се наоѓаат имињата на 1.991 Грци со големи депозити во швајцарски банки. Се препотставува дека тоа се грчки граѓани, физички и правни лица, кои изнеле огромни парични сметки во странство, со цел да не плаќаат данок.
„Вима“ тврди дека Папандреу била спомената од двајца претставници на службата за борба против финансискиот криминал, кои изјавиле дека таа е меѓу сопствениците на најголемиот депозит на листата во вредност од 550 милијарди долари.
На ова тврдење на весникот остро реагираше поранешниот премиер Јоргос Папандреу, а исто така и претставници на партијата ПАСОК, кои побараа смена на шефот на службата за борба против финансискиот криминал, кој всушност го информирал обвинителството за спорната сметка.
Владата сепак го поддржа шефот на службата, со оглед на тоа дека тој е личен избор на сегашниот премиер Андонис Самарас.