Драстично зголемен бројот на салафити во Германија

Од:

Во последните неколку месеци во Германија е драстично зголемен бројот на радикални салафити, соопшти германското внатрешно разузнавање, цитирано од ДПА.

Во земјата има околу 9.700 приврзаници на конзервативното интерпретирање на исламот или за 500 повеќе во споредба од пред три месеци, предупреди Федералната служба за заштита на Уставот.

Бројот на лицата кои ја напуштаат Германија за да се борат на страната на Исламска држава во Сирија и Ирак, исто така, во ноември е зголемен на 890 од 880. Околу 20 проценти од нив се жени, а пет проценти малолетници. Приближно една третина  од овие луѓе веќе се вратиле во Германија.

Службата, исто така, соопшти дека се зголемени и случаите во кои исламистите се обидувале да стапат во контакт со бегалци. Досега имало 390 вакви обиди. До август биле регистрирани 340.

Би можело да ве интересира

Германско државјанство нема да добијат оние кои објавуваат: „Израел е убиец на деца“

Русија се вооружува: „Украина е само почеток“

Германија: Нема да ги укинеме ограничувањата за употреба на западно оружје со долг дострел

ВИДЕО: Полицајци во Берлин бркаат и приведуваат дете со палестинско знаме, снимката предизвика реакции

Катерина Ѓуровски

Тепачка во трговски центар во Германија, еден ранет, неколкумина повредени

Падна првиот снег

Предраг Петровиќ