Тринаесет сообраќајки изминатите 24 часа во Скопје

Од:

Девет лица се здобиле со полесни телесни повреди во седум од вкупно 13 сообраќајни несреќи во изминатото деноноќие во Скопје. Во шест е причинета материјална штета.

Како што информира за МИА самостојниот инспектор во СВР Скопје Драган Вељаноски, сообраќајната полиција открила и санкционирала 32 возачи кои се движеле со возилото со брзина поголема од дозволената, 12 возачи не ги почитувале правилата за престигнување, тројца возачи поминале на црвено светло на семафор, двајца возачи не отстапиле првенство на минување на пешаците на обележан пешачки премин, како и 12 возачи кои го управувале возилото без возачка дозвола, односно нерегистрирано. Затекнати биле и 44 непрописно паркирани возила.

Со помош на  специјалното возило „пајак“ отстранети се 82 возила.

Во рамки на проектот „Да ги заштитиме децата во сообраќајот“ денеска Одделението за превенција при СВР Скопје ќе реализира едукативни работилници во општина Центар, во ООУ „Кочо Рацин“ со учениците од второ одделение.

Би можело да ве интересира

По еден ден прекин, попаднево повторно воспоставен железничкиот сообраќај во земјава

Зголемена фреквенција на возила на граничниот премин Табановце за излез и за влез во државата

125 санкционирани возачи во Скопје

Посебен режим на сообраќај во Скопје во сабота поради чествувањето на смртта на Гоце Делчев

А1он

Паднато дрво го попречува сообраќајот на патот Делчево – Пехчево

Пропаѓале врски, бракови, бизниси – Италија ги укинува фотографиите од камерите за брзина во сообраќајот

А1он