СДСМ: Милошоски го напушти Груевски, од вчера е нотар

Од:

Антонио Милошоски од вчера започнал со работа како нотар. Еве го извадокот од Службен весник којшто потврдува дека Милошоски си нашол резервна позиција во нотарската професија, свесен дека Груевски заминува од политиката, а ВМРО-ДПМНЕ заминува во опозиција, соопшти СДСМ.
 
„Носителот на кандидатска листа на ВМРО-ДПМНЕ во изборната единица 5 и еден од најблиските соработници на Груевски напразно лажеше дека решението за нотар наводно му било во мирување и тој наводно останувал со Груевски и со партијата. Потегот на Милошоски покажува дека почнаа напуштањата на Груевски и тоа од страна на неговите најблиски соработници. Почнува и живот за граѓаните на Македонија кои гласаа против режимот, за промени во Република Македонија“, се додава во соопштението на СДСМ.

Би можело да ве интересира

Имало ли одлука на Собранието на акционери на Лотарија за финансирање на прославата, прашува СДСМ

СДСМ: Обвинителство мора да отвори истрага за лотото на Мицкоски и трошењето 5,5 милиони евра

СДСМ: За прославата од 5,5 милиони евра мора да се отвори истрага по трагата на парите

(ВИДЕО) Поповиќ: Мицкоски е и обвинител и судија – судството денес е под целосна контрола на власта

А1он

Филипче: Ова е арамиска власт – треба да знаат дека ќе одговараат, нема да избегаат

СДСМ удри по Мицкоски: „Каде завршија 5 милиони евра“

Горан Наумовски