Шилегов: Теарце заслужува вода за пиење

Од:

Планот за живот во Македонија предвидува изградба на канализациска мрежа на целата територија на Општина Теарце, изградба и реконструкција на секундарната мрежа за водоснабдување, бидејќи и Теарце и цел долен Полог кој е под Шара, се уште немаат питка вода за пиење, изјави денеска Петре Шилегов, носител на кандидатска листа во ИЕ6, каде в недела ќе се прегласува во една избирачко место во Теарце.

– Овде мора да се реконструираат селските патишта кои ги поврзуваат населените места, овде мора да се реконструира помошното игралиште кое беше уништено од страна на владејачката структура. Граѓаните на Теарце, како и граѓаните во Македонија заслужуваат подобар живот, заслужуваат живот во Македонија, заслужуваат живот во своите домови. Овде во Теарце, граѓаните заслужуваат да имаат и канализација и современ водовод. Недозволиво е во 21 век, овде во Теарце се уште да се користат септички јами – рече тој.

Шилегов истакна дека граѓаните на Македонија, повеќе од 600.000, одбраа да стават крај на поделбите и на криминалнот владеење. Теарце ќе го потврди тоа во недела.

– Го враќаме животот во Теарце и Македонија. Граѓаните заслужуваат да имаат живот во Македонија – порача Шилегов.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Кузеска: Вметнувањето на малцинствата во Уставот го зајакнува македонскиот национален идентитет

СДСМ: После ЗНАМ, и ВМРО-ОКГ се соочува со распад и поделби

Горан Наумовски

ВМРО-ДПМНЕ: СДС не нуди решенија, туку борба за власт

СДСМ: Испрати ли Владата на Груевски барање за екстрадиција на Груевски?

(ВИДЕО) Кузеска: Инфлација 5,7%, празни фрижидери, празни џебови, сиромаштија

Мециновиќ: СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ саботираат една изборна единица