Заев не е повеќе градоначалник на Струмица, за ВМРО-ДПМНЕ тој бега од пораз на локалните избори

Од:

Градоначалникот на Струмица и претседател на СДСМ Зоран Заев поднесе оставка на градоначалничката функција. Тој на седница на општинскиот Совет одлуката ја образложил со заминување на друга функција.

За свој заменик до локалните избори го именувал советникот Коста Костадинов.

„Аболицираниот криминалец Зоран Заев е свесен дека се ближи денот кога нема да му помогне ниту една лага и ќе мора да се соочи со одговорноста за направените криминали. Затоа на аболицираниот лажго Заев му треба пратеничкиот имунитет. Тоа е првата и основна причина поради која се откажува од градоначалничкиот мандат“, регаират од ВМРО-ДПМНЕ на повлекувањето на Заев.

Од ова партија уште додаваат дека Заев се повлекува оти знае дека ќе загуби на локалните избори.

Би можело да ве интересира

Владата уверува дека нема недостиг на гориво, предлозите на опозицијата ги отфрла како несериозни

Филипче предлага намалување на ДДВ-то за горивата од 18 отсто на 5 проценти, намалување на акцизата за 4 денари и нула ДДВ за храната

СДСМ се приклучува на протестот против насилството врз жените, маршот за 8 Март откажан

Горан Наумовски

Филипче: Стратешките одлуки на СДСМ ја обезбедија евроатлантската интеграција

Горан Наумовски

СДСМ: Мицкоски Ad hominem, De Facto – De Jure Вучиќ

СДСМ: Мицкоски, граѓаните имаат мозок – Македонија сака во ЕУ

А1он