Еден загинат и двајца поврдени во сообраќајка на автопатот Велес-Скопје

Од:

Едно лице загина, а двајца се поврдени во сообраќајна несреќа што се случила ноќеска 40 минути по полно на автопатот Велес – Скопје пред населбата Отовица.

МВР соопшти дека П.М. (55) од Скопје, управувајќи ПМВ „Цитроен“ со скопски регистарски ознаки, изгубил контрола и удрил во бетонскиот sид на мостот и се превртел. Сопатничката М.М. (28) од здобиените повреди  починала на самото место, а смртта ја констатирал лекар од Итна медицинска помош.  Во сообраќајката со тешки телесни повреди  се здобила сопатничката М.М. (52), која заедно со П.М.,  со  возило на Итна помош биле пренесени во Клиничка болница  Велес.

Увид на местото на настанот извршиле Јавен обвинител  и увидна екипа на СВР Велес.  По наредба на Јавен обвинител телото на починатата е предадено за обдукција. Поради сообрачајката, патниот правец клучка Велес-нас.Отовица беше во целосен прекин во периодот од 01.40 до 04.00 часот.

Би можело да ве интересира

Пронајдени двајца починати мажи во Тетовско

Во напуштена куќа пронајден починат 49-годишен скопјанец

Ја гризел, ја влечел за коса пред двегодишната ќерка, се бара притвор за насилник од Скопје кој ја нападнал сопругата

Прегазено дете во Штип

Жена носела пиштол без дозвола на бензинска пумпа, сега е во притвор

Ана Ололовска

Куќен притвор за скопјанец што чувал пет вида дрога во изнајмен стан

Жарко Настоски