Повреден со нож жител од Џепчиште пред Културниот дом во Тетово

Од:

Осумнаесетгодишниот А.И. од село Џепчиште е повреден со нож од седуманесетгодишник од село Камењане пред Културниот дом во Тетово.

Како што информираат од МВР, меѓу нив настананала вербална расправија поради меѓусебно нетрпение, по што почнале да се туркаат при што А.И го турнал малолетникот, на што тој со нож му нанел една расекотина во пределот на стомакот и една во пределот на левото колено.

А.И. бил пренесен во Клиничката болница во Тетово, каде му биле констатирани телесни повреди и по укажаната помош бил пуштен на домашно лекување.

Седумнаесетгодишникот се наоѓа во бегство. Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителот и за целосно расчистување на случајот.

Би можело да ве интересира

Во сообраќајка на патот Битола – Прилеп загина 17годишна девојка

А1он

Млад возач од Крушопек прегази во Скопје гевгеличанка на велосипед

А1он

Пронајдени двајца починати мажи во Тетовско

Во напуштена куќа пронајден починат 49-годишен скопјанец

Ја гризел, ја влечел за коса пред двегодишната ќерка, се бара притвор за насилник од Скопје кој ја нападнал сопругата

Прегазено дете во Штип