Европскиот комесар за проширување Јоханес Хан синоќа ги осуди нападите кои се случија во Анкара, Берлин и Цирих и порача дека насилството и омразата нема да победат.
„Ги осудувам гнасните напади. Насилството и омразата нема да победат“, напчиша Хан на Твитер.
Во Анкара вчера беше убиен рускиот амбасадор во Турција Андреј Карлов, во Цирих најмалку три лица се ранети во пукотница во центарот на градот, додека во Берлин возач на камион влета меѓу масата на божикен саем при што уби 12 лица.