Ограбена бензинска пумпа во Прилеп

Од:

Две непознати маскирани лица ноќеска околу 03 часот по полноќ извршиле разбојништво на бензинска пумпа во прилепската населба Варош.

Како што соопшти полицијата, разбојниците со закана со нож, од двајца вработени побарале пари, по што ги затвориле во тоалетот. Потоа од работното биро го одзеле дневниот промет и побегнале од местото на настанот.

Полициската станица Прилеп презема мерки за пронаоѓање на сторителите и за целосно расчистување на случајот.

Би можело да ве интересира

МВР: Уапсен скопјанец за кражба на бакарни кабли вредни 200.000 евра

Горан Наумовски

Четворица малолетници се обидоа да го ограбат манастирот „Св. Наум Охридски“ на Попова Шапка

Притворени се Бугарки кои крадеа паричници во Скопје

А1он

Романски државјани фатени по кражба на злато во Скопје

Горан Наумовски

Главниот батлер на Елисејската палата крадеше садови и порцелан

Горан Наумовски

Крадец со скалпел во рака се закануваше дека ќе го повреди мажот кој го ограби