Викендов во Скопје 34 сообраќајки, повредени 32 лица

Од:

Во текот на изминатите три дена на подрачјето на СВР Скопје се случиле 34 сообраќајни незгоди, од кои во една со тешки телесни повреди се здобил еден возач, во 21 полесно се повредени 31 лице, а 12 поминале само со причинета материјална штета.

Сообраќајната полиција во петокот изврши увид на 16 сообраќајни незгоди. Во осум од нив со полесни повреди се здобиле 12 лица, а во осум е причинета материјална штета.

Како што информира за МИА самостојниот инспектор Драган Вељаноски, во саботата извршен е увид на вкупно 11 сообраќајни незгоди. Шеснаесет лица со полесни телесни повреди се здобиле во 10 сообраќајни незгоди, а причинета е материјална штета само во една сообраќајка.

Вчера е извршен увид на седум сообраќајни незгоди, од кои во една со тешки телесни повреди се здобил еден возач, во три со полесни повреди се здобиле три лица, а три се со причинета материјална штета.

Во текот на изминатите три дена од страна на сообраќајната полиција, санкционирани се 25 возачи кои се движеле со возилото со поголема брзина од дозволената, седум возачи го управувале возилото под дејство на алкохол, тројца возачи поминале на црвено светло на семафор, како и 11 возачи кои го управувале возилото без возачка дозвола, односно нерегистрирано. Затекнати се и 28 непрописно паркирани возила

Со помош на специјалното возило пајак, во текот на овие три дена отстранети се 27 возила кои во поголема мера го попречувале нормалното одвивање како пешачкиот така и моторниот сообраќај.

Би можело да ве интересира

По еден ден прекин, попаднево повторно воспоставен железничкиот сообраќај во земјава

Зголемена фреквенција на возила на граничниот премин Табановце за излез и за влез во државата

125 санкционирани возачи во Скопје

Посебен режим на сообраќај во Скопје во сабота поради чествувањето на смртта на Гоце Делчев

А1он

Паднато дрво го попречува сообраќајот на патот Делчево – Пехчево

Пропаѓале врски, бракови, бизниси – Италија ги укинува фотографиите од камерите за брзина во сообраќајот

А1он