Големите и скапи СУВ модели се побарани во 2016.

Од:

Во првите девет месеци од 2016 година е забележана рекодна продажба на големие луксузни СУВ автомобили во Европа.

Побарувачката за овој вид на возила порасна за една третина во однос на истиот период од 2015 година, покажуваат податоците на „JATO Динамикс“. Тоа покажува дека не се на цена само достапните помали кросовери/СУВ модели што бележат знајана експанзија во последните неколку години, туку и оние наменети за купувачите со подлабоки џебови.

Така, во периодот јануари-септември низ цела Европа се испорачани 185.000 големи луксузни СУВ возила. Продажен хит во овој сегмент е „Волво XC90“ што во споменатиот период забележа раст од 163 отсто со 26.860 новорегистрирани автомобили.

На првото место, сепак, се најде „БМВ X5“ со 28.601 продадени примероци, но неговиот тренд на раст изнесува само еден отсто во истиот временски период. Затоа „JATO Динамикс“ предвидува дека до крајот на 2016 година „Волво XC90“ ќе го надмине во продажбата овој баварски ривал.

„Ауди Q7“, исто така, привлекува се повеќе купувачи низ Европа. Со раст од 83 отсто, продадени се 24.535 вакви автомобили. Четврти е „Мерцедес ГЛЕ“ со 22.409 испорачани возила,  со раст од 35 отсто. 

Гледано во вкупни величини, и „Ленд Ровер“, исто така, има причина за славење, со оглед на фактот дека овој производител во првите девет месеци има продадено вкупно 44.131 примероци од моделите „Ренџ Ровер“ , „Ренџ Ровер Спорт“и „Дискавери“.

„ЈАТО Динамикс“ смета дека ваквиот раст во продажбата на големите премиум СУВ возила во Европа е импресивен и покрај нивната висока цена на пазарот. 

Би можело да ве интересира

Летечки автомобил би можел да се најде на пазарот до 2020 година

Емир Латифовиќ

„Голф“ најпродавана марка во Шведска, „Волво“ падна на второ место

Емир Латифовиќ

Моделот „Сузуки Свифт“ за 2017 година ќе има пет врати

Емир Латифовиќ

Ford се откажа од фабриката во Мексико во вредност од 1,6 млрд долари

Емир Латифовиќ

„Ауди“ во Унгарија произведе милион возила и 30 милиони мотори

Емир Латифовиќ

Германскиот гигант „Мерцедес“ ќе вложи десет милијарди евра во електроавтомобили

Емир Латифовиќ