Жерновски: Груевски е преплашен, знае дека доаѓа крајот

Од:

Градоначалникот на општина Центар излезе со став за денешниот почеток на судскиот процес за случајот „Шамари за Жерносвки и демолирање на општина Центар, во кој како обвинти се екс премиерот Никола Груевски, екс министерот за транспорт и врски Миле Јанакиевски и советници од ВМРО-ДПМНЕ во општината, како и случувањата пред и во Државната изборна комисија.

Еве што напиша Жерновски:

Груевски е преплашен, знае дека доаѓа крајот.

Разочарувње меѓу опозицијата не смее да има. Напротив! Погледнете ја само ситуацијата во која е ВМРО-ДПМНЕ денеска. Груевски, Јанакиески и нивната советничка се на суд за поттикнување насилство во општина Центар.

Доказите во овој случај се толку силни, што јавноста со право очекува обвинетите многу бргу да се соочат со соодветните казни. Во исто време, останатите од раководството на партијата организираат протести пред ДИК, од каде врескаат и се закануваат со наци(онали)стичка реторика. Сите добро знаеме дека колку е заканата посилна и погласна, тоа е стравот поголем.

Правдата ги стига Груевски и соработниците и тој процес веќе никој не може да го запре. Тоа веќе не е дилема ни за самиот Груевски. Сега тој е исправен пред една друга, многу голема дилема. Дали да ја искористи сопствената лојална војска на поддржувачи како топовски месо и да се брани до последни моменти или, пак, без насилство да се помири со иднината што го чека.

Многумина стравуваат дека тој е спремен на најцрни сценарија и дека ќе ги сврти граѓаните едни против други.
Јас велам дека такво нешто нема да се случи. Нема да се случи затоа што за противници има разумни, слободни и мирољубиви граѓани, кои нема да подлегнат на нивните провокации. Сега е потребно смирено, цврсто и одлучно да се влезе во второто полувреме, во кое ние граѓаните имаме значителна предност. Противник ни е ослабениот и исплашен Груевски, на кој му висат над глава криивчни дела.
Сега не смееме да подлегнеме на провокациите, бидејќи Груевски својот излез може да го бара само преку создавање на нова криза

Ова, се разбира, нема да биде решено брзо, но она што е важно е дека од ден во ден сме се’ поблиску до конечен пораз на режимот.

Би можело да ве интересира

Прва работилница во Општина Центар од кампањата на „Макпетрол“ против врсничкото насилство

„Шанса за Центар“: Шверцерски вметнати нови објекти во ДУП-от за Стара железничка станица

Горан Наумовски

Утре во Скопје ќе има протест и марш, МВР со посебен сообраќаен режим

Горан Наумовски

Општина Центар затвори нелегално градилиште на булеварот „Никола Карев“

„Шанса за Центар“ предупредува: Повторно со техничка исправка на план ќе се гласаат два ката плус спроти стара Градска болница

Маја Илиевска-Пачемска

Комисија од Центар ги запишува покривите што летаа во невремето и поплавените простории