СДСМ: Граѓаните да останат спокојни, режимот заминува

Од:

„Институциите на системот мора да се справат со говорот на омраза и со повиците за линч кон се што е демократско во Македонија.

Синоќа бевме сведоци на фашистички изјави пред ДИК кои покажуваат дека раководството на ВМРО-ДПМНЕ посакува сценарио за судир меѓу граѓаните, за Груевски да си ја спаси сопствената кожа. Тоа нема да им помине. Граѓаните на Македонија не се ничие топовско место. Нема да подлегнат на провокациите.

Ги повикуваме сите што гласаа за промени, но и на оние кои беа приморани својот глас да го дадат за режимот, да не подлегнуваат на провокации. Граѓаните да останат спокојни зашто режимот заминува, а државата и институциите ќе бидат целосно ослободени.

Му порачуваме на поразениот Никола Груевски веднаш да престане да ја носи Македонија кон граѓански судир. Нема да дозволиме мирот и безбедноста на земјата да бидат ставени во заложништво на Груевски и неговата фамилија затоа што се уплашени од одговорност за злосторствата што ги имаат направено.

Процесот на пребројување и прегласување е важен дел од едни демократски избори поради што ВМРО-ДПМНЕ треба да престане да врши притисок врз ДИК, а таа институција да остане доследна на законските процедури.

Огромно мнозинство, преку 612.000 граѓани, гласаа за промени и никој не смее да си поигрува со волјата на овие граѓани“, соопштуваат од СДСМ.

Би можело да ве интересира

Борозан: Власта да направи анализи на водата во цела држава и јавно да ги објави резултатите

СДСМ: Потрошувачката кошница 70.000 денари, минималната плата 26.000 денари – што вели статистиката на Мицкоски?

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Нови случаи на заболени во Гостивар, има и реинфекции: СДСМ обвинува дека власта пет недели нема решение

СДСМ: Пет недели гостиварци се мачат без вода, бадијала ветувањата на Мицкоски

Катерина Ѓуровски

ВМРО-ДПМНЕ: Мали Фрчко да го пријави Филипче – 400 испитувања покажале неисправна вода во Гостивар, а тоа се криело

СДСМ поднесе кривична пријава против Клековски, Андоновска, Лазов и Амети за случајот со водата во Гостивар