Путин и Абе се согласија за заедничко користење на Курилските Острови

Од:

Рускиот претседател Владимир Путин и премиерот на Јапонија Шинѕо Абе се договорија за заедничко користење на територијата на Курилските Острови, изјави помошникот на шефот на руската држава, Јуриј Ушаков.

Абе изјави дека на состанокот со Путин разговарале зa мировната спогодба, заедничките економски активности на Јужните Курили и прашањето за слободната посета на нивните поранешни жители.

Ушаков истакна дека претседателите се договориле за заеднички стопански активности на Курилските Острови.

– Путин и Абе побараа од експертите на двете земји да почнат детални консултации за усогласување на условите, формата и областите на заедничката стопанска активност на Јужните Курилски Острови, нагласи Ушаков.

Заедничкиот документ, кој го договорија Путин и Абе ќе биде објавен утре.

Путин денеска ја завршува посетата на Јапонија. Ова е првата посета на руски претседател на Јапонија во изминатите 11 години. Односите меѓу Москва и Токио се влошени поради спорот за четирите острови во Курилскиот Архипелаг, окупирани кон крајот на Втората светска војна од Советскиот сојуз.

Русите ги нарекуваат Јужни Курилски Острови, а Јапонците Северни територии. Курилските острови се составени од 56 поголеми острови и повеќе помали островчиња. Сите острови се под руска јурисдикција. Јапонија има претензии кон двата најголемите острови во Јужните Курли, Итурпур и Кунашир, сметајќи ги за дел од нејзината територија, како и кон помалите острови Шикотан и Хабомаи. Официјално тие вулкански острови се дел од руската Сахалинска област, но Јапонија има претензии кон нив и тоа беше пречка двете земји да потпишат мировен договор по Втората светска војна.

Би можело да ве интересира

САД и Јужна Кореја загрижени за посетата на Путин на Северна Кореја

Истражување: 89 отсто од Русите би поддржале криминализација на семејното насилство

Руско-израелски новинар доби забрана за влез во Србија: „Ми дадоа документ дека сум безбедносен ризик“

A1on

„Во каса остана само банкнота од 100 долари“: Москва Тајмс тврди известува за недостиг на девизи во банките во Русијa

A1on

Руските сили соборија 25 украински беспилотни летала во текот на ноќта

ЕУ увезува руска нафта преку турските пристаништа