Општина Центар продолжува со борбата против бучавата

Од:

По налог на општина Центар, овластена фирма изврши мерење на бучавата на 25 и 26.11.2016 во кафе бар „Чао“, паб „Комедија“, „Аперитиво бар“ и „Џуси бар“. Кај овие 4 локали констатирано е дека бучавата која доаѓа од нив ја надминува максимално дозволената.

Казните за одговорните и за правните лица ќе бидат изречени според позитивните законски прописи.

Инспекциските служби извршија надзор, по пријава од граѓани, дека музиката која доаѓа од кафулињата им го нарушува мирот и сонот, велат од Општината.

Општина Центар ќе продолжи со преземање мерки против гласната музика во објектите и затоа ги повикува сите жители на Центар да се вклучат и да помогнат во решавање на овој проблем со тоа што ќе пријават гласна музика, за да можат инспекциските служби брзо да реагираат и да преземат соодветни мерки.

Би можело да ве интересира

Во стан во Центар е пронајден починат 62-годишен скопјанец

Герасимовски: Ја реконструираме „50 Дивизија“, градиме нова градинка во маалото, вложуваме во инфраструктурата на секоја населба во Центар

Герасимовски го посети штандот на ЈП „Паркинзи на Општина Центар“: Информативни табли со QR-код за брзо плаќање

Шанса за Центар: Вистината за планот за Треска, наместо 1500 ќе се населат 5000 жители

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Николоски: Со Лабудовиќ како иден градоначалник на Центар ќе најдеме решенија за сите проблеми во Маџир Маало

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Богдановиќ: Сообраќаен хаос во Капиштец, 150 градилишта, а иста инфраструктура

Горан Наумовски