Седум сообраќајки изминатите 24 часа во Скопје

Од:

Три лица се здобиле со полесни телесни повреди во две од вкупно седум сообраќајни несреќи во изминатото деноноќие во Скопје. Во пет е причинета материјална штета.

Како што информира за МИА  Драган Вељаноски, самостоен инспектор во СВР – Скопје, сообраќајната полиција открила и санкционирала шест возачи кои се движеле со возилото со поголема брзина од дозволената, тројца возачи се исклучени од сообраќај поради управување на возилото под дејство на алкохол, двајца возачи не отстапиле првенство на минување на пешаците на обележан пешачки премин, како и 11 возачи кои го управувале возилото без возачка дозвола, односно нерегистрирано. Затекнати се и 54 непрописно паркирани возила.

Со помош на  специјалното возило „пајак“ отстранети се 64 возила.

Во рамките на проектот „Да ги заштитиме децата во сообраќајот“ денеска Одделението за превенција при СВР Скопје ќе реализира едукативни работилници во ООУ „Војдан Чернодрински“ со учениците од второ и четврто одделение кое се наоѓа на подрачјето на општина Карпош.

Би можело да ве интересира

По еден ден прекин, попаднево повторно воспоставен железничкиот сообраќај во земјава

Зголемена фреквенција на возила на граничниот премин Табановце за излез и за влез во државата

125 санкционирани возачи во Скопје

Посебен режим на сообраќај во Скопје во сабота поради чествувањето на смртта на Гоце Делчев

А1он

Паднато дрво го попречува сообраќајот на патот Делчево – Пехчево

Пропаѓале врски, бракови, бизниси – Италија ги укинува фотографиите од камерите за брзина во сообраќајот

А1он