Македонските ракометни судии, Славе Николов и Ѓорѓи Начевски, се прогласени за најдобра судиска двојка во светот, во изборот на Светската ракометна федерација (ИХФ).
Македонските арбитри добија најголем број гласови во изборот, со што зад себе ги оставија Данците Гјелдинг – Хансен и Србите Стојковиќ – Николиќ.
Тие ја делеа правдата на Летните олимписки игри во Рио, а ќе судат и на претстојниот Мундијал во Франција в година, продолжувајќи го нивното учество на големите натпреварувања.