(ВИДЕО) Шилегов: Милошоски се става во повластена позиција од останатите нотари

Од:

„Милошоски потврди дека изборните резултати предизвикуваат паника во ВМРО-ДПМНЕ и дека најблиските соработници на Груевски си обезбедуваат резервни позиции додека се во опозиција.

Спротивно од сите норми, Милошоски ја ставил во мирување позицијата нотар иако истата воопшто не ни започнал да ја работи. Логично, во мирување не може да се стави нешто што не ни започнало.

Милошоски се става во повластена позиција, поинаква од било кој друг нотар или пратреник во собранието.

Според Законот за нотаријат, бројот на нотари е ограничен. Со ваквата злоупотреба, Милошоски прави штета и кон нотарите кои се избрани, а не се именувани, но и кон граѓаните.

Ако Милошоски не се откаже од решението за нотар, тогаш министерот за правда треба да го отповика и да го поништи решението, за Милошоски да не го држи местото на некој друг именуван нотар.

Заврши времето на изигрување на законите и обезбедување лична корист преку злоупотреби.

И Милошоски и сите други граѓани мора да ги почитуваат законите“, изјави Петре Шилегов, портпарол на СДСМ.

Би можело да ве интересира

Кузеска: Приватна фирма плаќа лобисти во САД за Мицкоски

Катерина Ѓуровски

СДСМ поднесе предлог-закон за финансиска поддршка на земјоделците

(ВИДЕО) Филипче: Мицкоски не е на списокот на државници кои ќе се сретнат со Трамп

А1он

(ВИДЕО) Штерјова: Бизнисот цвета – нова зделка со броила за струја вреден 13.3 милиони евра за српска фирма

А1он

Тренчевска: Една милијарда евра е зголемена дупката во ПИОМ

Имало ли одлука на Собранието на акционери на Лотарија за финансирање на прославата, прашува СДСМ