Општина Центар ја санкционира дивоградбата на улиците „Самоилова“ и „Никола Карев“

Од:

Општина Центар спречи да никне дивоградба на аголот на улиците „Самоилова“ и булеварот „Никола Карев“. Овластен градежен инспектор го затвори градилиштето, со што се стопира градбата.

Претходно, кога објектот беше во фаза на ископ, инспекторот донесе решение за враќање во првобитна состојба. Решението никој не го примил, а инвеститорот, кој е непознат, продолжил со градбата иако нема соодветно одобрение.

divogradbi-1

Овластениот градежен инспектор на општина Центар беше на терен со градежен инспектор од Државниот инспекторат за градежништво и урбанизам, при што е констатирано дека се работи за дивоградба.

Неколкупати на објектот е оставана покана инвеститорот да дојде во општина Центар, но на ова досега не се одзвал никој. Инвеститорот мора да престане со сите дополнителни градежни активности и да пристапи кон отстранување на градбата, соопштуваат од Општината.

divogradbi-2

Овластениот градежен инспектор денеска ги затвори дивоградбите на локалите „Ла Лара“ и дел од „Гастротека“, кои не постапија по донесеното решение за отстранување на дивоградбите.

Општина Центар и натаму внимателно ја следи состојбата на теренот и нема да дозволи дивоградби на територија на општината.

divogradbi-3

Би можело да ве интересира

Герасимовски најави нова градинка, двосменско работење на градинките, бесплатни оброци за ученици и два нови покриени базени

Мицкоски до Филипче: Народот салата ќе ве направи на избори, на митинзи ниту пратениците не ти доаѓаат, сам си со Заев

Герасимовски: Сите детски и спортски игралишта се обновени, следуваат нови инклузивни и пристапни игралишта за сите деца

Нови пешачки патеки, декоративно осветлување и повеќе зеленило долж улиците, тоа е мојата визија, вели Герасимовски

Горан Наумовски

Лабудовиќ: Редарска служба, засилени полициски патроли и современ систем за безбеден Центар

Предраг Петровиќ

Герасимовски: Продолжува проектот „Сервис за стари лица“ , поддршка за 90 пензионери во Центар