СДСМ: Осудуваме било какво насилство, граѓаните да не подлегнуваат на провокациите на ВМРО-ДПМНЕ

Од:

„СДСМ осудува секаков вид насилство и апелира до сите граѓани да не подлегнуваат на провокации и нервозата што ги шири ВМРО-ДПМНЕ по поразот на изборите.

Јасна е определбата на граѓаните против режимот, а за живот во Македонија и нема никаква причина да се одговара на обидите на ВМРО-ДПМНЕ да испровоцира тензија меѓу граѓаните.

Во врска со информациите објавени на некои портали дека се случило физичко насилство мотивирано од политички антагонизам, доколку тоа навистина се случило, порачуваме оштетените веднаш да пријават во полиција, а МВР да направи истрага и согласно законите да постапи против насилниците“, се вели во соопштението на СДСМ.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Штерјова: Има пари за тендери нема пари за скопјани – таков Буџет 2026 предлага Георгиевски

(ВИДЕО) Димитријевиќ: 100 милиони евра загуба – кој профитира од увозот на струја?

Горан Наумовски

СДСМ: Кризна состојба заради тендери – зошто навреме не е набавен мазут?

СДСМ: Поскапувањето на струјата е нов удар врз и така нискиот стандард на граѓаните

Горан Наумовски

СДСМ: Нов доказ за партизација – власта ја презема контролата врз обвинителството

(ВИДЕО) Цветановски: Економските работници ја „убија“ можноста од зголемување на минималната плата