Некогашниот најелитен хотел на Балканот претворен во легло на наркомани и зарази

Од:

Слободна далмација – Сплит

Објекти како сплитскиот хотел „Марјан” пропаѓаат од моментот кога компанијата „Адриатик” отиде во стечај. Стечајниот управник Зоран Милетиќ ги предупредува функционерите дека во хотелот неконтролирано влегуваат групи на луѓе кои таму преспиваат, пијат и се дружат и дека што поскоро мора да се вработи чувар на оваа сега веќе пропадната зграда.

Колку недовршениот хотел „Марјан” навистина е руиниран и колку според него е опасно да се шета, истражи репортерската екипа на „Слободна Далмација“ и се приклучи на стражата која ја организираа поранешните работници на „Адриатик”, откако неодамна пред хотелот се случи страшна трагедија во која момче со нож уби врсник.

Домаќини на посетата на запуштениот туристички бисер беа Томислав Јуричевиќ, кој на гостите цели 38 години им ги носел куферите и ги дочекувал токму на местото на страшното убиство, како и Анте Леденко, кој првата ноќ дежурал и спречил во зградата да влезат мажи на средни години и момчиња, од кои како што проценува, ниту еден не бил постар од 18 години.

Ни луѓето кои тогашните хотелски простории ги познавале во душа, не ја кријат згрозеноста од опасностите кои им се закануваат на младите додека се собираат на место на кое всушност не треба да бидат.

Железни шипки се гледаат од бетонот, а по подот на предворјето на некогашната најпопуларна конгресна сала во регионот лежат испокршени стакла од покривот на кој вандали фрлале со камења од повисоките хотелски катови. Окната за лифтовите често се незаштитени, скалите се без ограда. Подрумите се поплавени, а вода има и во темелите на зградата.

– Се плашам дека на „Марјан” ќе му се случи исто што и на поранешната зграда на „Далмацијавино” која е целосно уништена откако и припадна на државата. Ако на некого целта му е и овој објект да биде уништен за да му падне вредноста со цел некој да го купи за мали пари, како поранешни работници тоа не можеме да го прифатиме, истакнува Анте Ладенко, кој оценува дека за да се заврши хотелот би биле потребни уште 15 милиони евра.

Работниците организирале стража за да спречат идно уништување на хотелот, така што двајца дежураат навечер во автомобили, а дење одат и шетаат низ објектот. Меѓутоа, според неофицијални сознанија, стечајниот управник ангажирал чуварска служба која ќе се плаќа од изнајмување на бетонското плато на рент-а-кар фирма, која таму ќе ги паркира своите возила.

Би можело да ве интересира

Урсула фон дер Лајен: Го сакаме Западен Балкан во Европската Унија

Екстремен топлотен бран на Балканот, Македонија и соседите вријат

Балканот денеска е најтоплиот дел од Европа

Катерина Ѓуровски

Според Индексот на човечки развој Југоисточниот регион на земјава најнеразвиен во цела Европа

Лидерите на Европската Унија усвоија 18 заклучоци, од кои еден се однесува на роамингот на Балканот

Голема балканска акција за лов на педофили: 39 осомничени, вклучена и Македонија

Анита Петровска Рајковиќ