Три лица повредени во сообраќајки изминатите 24 часа во Скопје

Од:

Три лица се здобиле со полесни телесни повреди во три од вкупно шест сообраќајни несреќи во изминатото деноноќие во Скопје. Во три е причинета материјална штета.

Сообраќајната полиција открила и санкционирала 10 возачи кои се движеле со возилото со поголема брзина од дозволената, двајца возачи поминале на црвено светло на семафор, 11 возачи го управувале возилото без возачка дозвола, односно нерегистрирано, како и осум возачи кои за време на управување на возилото не го користеле сигурносниот појас или го користеле мобилниот телефон. Затекнати се и 32 непрописно паркирани возила.

Со помош на специјалното возило „пајак“ отстранети се 55 возила.

Во рамките на проектот „Да ги заштитиме децата во сообраќајот“ денеска Одделението за превенција при СВР Скопје ќе реализира едукативни работилници во ООУ „Х.Т. Карпош“ со учениците од второ и четврто одделение.

Би можело да ве интересира

По еден ден прекин, попаднево повторно воспоставен железничкиот сообраќај во земјава

Зголемена фреквенција на возила на граничниот премин Табановце за излез и за влез во државата

125 санкционирани возачи во Скопје

Посебен режим на сообраќај во Скопје во сабота поради чествувањето на смртта на Гоце Делчев

А1он

Паднато дрво го попречува сообраќајот на патот Делчево – Пехчево

Пропаѓале врски, бракови, бизниси – Италија ги укинува фотографиите од камерите за брзина во сообраќајот

А1он