Самит за миграцијата на здравствен кадар од земјите од Западен Балкан

Од:

Првата истражувачка студија, која детално ги разгледува факторите и причините кои стојат зад проблемот со миграцијата на докторите од Западен Балкан, ќе биде промовирана на меѓународниот самит на тема „Заеднички тенденции за миграција на здравствен кадар од земјите од Западен Балкан“, кој денеска во Скопје, го организира Меѓународната истражувачка организација Хелтгрупер.

Од организацијата информираат дека изминатите две години работеле на два последователни проекта за миграција на здравствен кадар од земјите од Западен Балкан, финансиски поддржани од Универзитетот во Фрибург од Швајцарија, преку Регионалната поддршка за промоција на истражувањата во земјите од Западен Балкан.

Во истражувањето со кое биле опфатени Македонија, Србија, Албанија и Косово, биле вклучени еминентни здравствени работници, професионалци и познати професори од странство.

На Самитот ќе присуствуваат гости од странство и еминентни професори од Израел, предводени од проф. Јехуда Неумарк, директор на Школата за Јавно здравје во Ерусалим.

Би можело да ве интересира

Јавното здравство троши сè повеќе, а дава сè помалку – истражување за ризиците од корупција во јавните набавки во здравството

Алиу: Продолжуваме со инвестиции во здравството – надградба на хибридната сала на Клиника за државна кардиохирургија, единствена од ваков тип во државата и регионот

Министерот Алиу апелира: Граѓаните да пријават евентуални неправилности во врска со кардиолошките интервенции

Министерство за здравство: Две комисии ја проверуваа Стоматолошката комора, одлуката е донесена врз база на факти

Зголемени температури во следните неколку дена – да се почитуваат општите препораки за заштита на здравјето

Медицинско лице фатено како прима поткуп, Министерството за здравство бара истрага и ги повикува граѓаните да пријавуваат вакви случаи