(ВИДЕО) Шилегов: Веќе имаме пратеник плус, за нерегуларностите во шестка очекуваме прегласување!

Од:

По изјавата за новинарите, портпаролот на СДСМ, Петре Шилегов, одговараше на новинарските прашања.

Дали тоа значи дека Милошоски ќе се откаже од пратеничкото место?

Значи, затоа што ниту нотар, ниту пратеник се некомпатибилни, се неспоиви со било која друга функција. Очигледно е дека избрал да биде нотар, а лажел пред граѓаните дека ќе е носител на листа и пратеник.

Вчера поднесовте осум приговори до ДИК може да ни кажете за што точно се однесуваат, за кои избирачки места и дали се сите во шестка?

Сите се во шестка, се однесуваат на неправилности во гласањето, класични законски примери за поништување на гласање на избирачки места, со вишок ливчиња во избирачки кутии. Дел се во Тетово, дел се во општина Теарце и веројатно свесни дека ќе дојде до поништување на гласањето, паничните во ВМРО ДПМНЕ ја имаа таа прес конференција и слушаме дека денес наводно ќе се собираат пред Државната изборна комисија, со цел да протестираат. Зошто протестираат навистина не знаеме.

Што очекувате од приговорите, какви резултати?

Ние секогаш одиме легалистички, доколку немаше простор да има приговори немаше ниту да бидат поднесени. Автоматски резултатите кои што ги очекуваме се токму тие, гласањето на тие избирачки места каде што Социјалдемократскиот сојуз на Македонија поднесе приговори да биде повторено.

Не ја исклучувате намерата  дека може еден пратеник да добиете повеќе?

Ние тој пратеник секако го имаме.

Две од три албански партии во емисијата Клик Плус  кажаа дека се за повторни избори наскоро. Каков е ставот на Социјалдемократскиот сојуз и коалицијата?

Да ги почекаме конечните резултати, овие избори сѐ уште не се завршени.

Би можело да ве интересира

Филипче: Мицкоски e директно одговорен за состојбата во судството, неговата влада направи нула реформи

СДСМ обвинува дека ДПМНЕ намерно го остава ѓубрето и го саботира ЈСП за инает на Арсовска

СДСМ: Мицкоски зборува за мачнина од судството, а не почна ниту направи ниедна реформа

(ВИДЕО) Димковски: Алармантно, над 20 милиони килограми грозје стои неоткупено

СДСМ: Кој ќе одговара што институциите не ги предупредија луѓето, ги оставија да дишат штетни отрови и не ги евакуираа?

Филипче: Во Кочани, кај семејствата, полицајци, влегуваа кај семејствата после пожарот, да нема протести, да нема никаква организација