Средба на Заев со делегација на НДИ од САД: Победи концептот на заедништво!

Од:

Претседателот на СДСМ, Зоран Заев, придружуван од заменик претседателката Радмила Шекеринска и потпретседателот Дамјан Манчевски денеска имаше средба со Роберт Бенџамин, регионален директор на НДИ од САД за Европа и Крис Хеншоу, директор на НДИ за Македонија.

Заедничка е оценката дека излезноста на граѓаните на изборите во Македонија беше голема и граѓаните дадоа поддршка на концептот што ќе им донесе поквалитетен живот.

zaev-ndi2

-На изборите поддршка од граѓаните доби концептот за заедништво, што отвора шанса за добар живот на сите граѓани на Македонија и вистински перспективи за развој на Македонија. СДСМ цврсто е определена кон фер општество за сите граѓани на Македонија, кои ќе живеат во слободна, економски стабилна, единствена Република Македонија. Мнозинството граѓани во Македонија се изјаснија за овие промени, очекувам сите партии, освен ВМРО-ДПМНЕ, да ја почитуваат волјата на граѓаните и да не формираат Влада со Никола Груевски чиешто време заврши, рече претседателот на СДСМ.

Претседателот Заев посочи дека низ институциите на системот ќе се утврди точниот број на добиени мандати, што според официјални докази покажува повеќе мандати за СДСМ, како и дека СДСМ продолжува да ја развива Македонија како демократска земја со шанса за напредок и успех и на државата и на секој граѓанин поединечно.

Би можело да ве интересира

СДСМ бара јавно да се објави извештајот за водата во Гостивар

Борозан: Власта да направи анализи на водата во цела држава и јавно да ги објави резултатите

СДСМ: Потрошувачката кошница 70.000 денари, минималната плата 26.000 денари – што вели статистиката на Мицкоски?

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Нови случаи на заболени во Гостивар, има и реинфекции: СДСМ обвинува дека власта пет недели нема решение

СДСМ: Пет недели гостиварци се мачат без вода, бадијала ветувањата на Мицкоски

Катерина Ѓуровски

ВМРО-ДПМНЕ: Мали Фрчко да го пријави Филипче – 400 испитувања покажале неисправна вода во Гостивар, а тоа се криело