МВР: Мандатот на министерот Спасовски завршува кога ДИК ќе ги потврди конечните изборни резултати

Од:

Министерството за внатрешни работи денеска соопшти дека се дезинформација и шпекулација информациите објавени во одредени медиуми во врска со престанокот на мандатот на министерот Оливер Спасовски.

– Согласно позитивните законски прописи, мандатите на сите министри и дополнителни заменици министри во Владата на Република Македонија назначени според  Договорот од Пржино завршуваат на денот кога ДИК ќе ги потврди конечните изборни резултати. Со оглед на тоа што  во Државната изборна комисија се уште течат  постапките по приговорите на политичките партии, не се исполнети уловите за прогласување на конечните резултати, се наведува во соопштението од МВР.

Според тоа, се додава, Оливер Спасовски е легитимен министер за внатрешни работи.

Би можело да ве интересира

Претрес во тетовско, пронајден кокаин, лишено од слобода едно лице

Јанев: Презедовме опсежна акција, претресена е нова локација, засилено е присуството на полицијата со цел конекција со граѓаните на Прилеп

Две и пол години затвор за вработената во МВР што фалсификуваше возачки дозволи

Кривична за четири лица за десет кражби

А1он

Полициска акција против криминална група за шврец на лекови, осомничени и вработени во Царина

Уапсен е странски државјанин на „Ќафасан“ – со фалц документи проба да излезе од Македонија

А1он