Притвор и кривична пријава за „убиство во обид“ за охриѓанецот Н.Т

Од:

СВР Охрид поднесе кривична пријава против Н.Т. (52) од Охрид поради постоење основи на сомнение за кривични дела „убиство во обид“, „недозволено изработување, држење и тргување со оружје или распрскувачки материи“ и „предизвикување општа опасност“, а судија во претходна постапка му одреди 30 дневен притвор.

Поднесена е кривична пријава и против Ц.М. (38) од село Лешани, општина Дебрца, кој е осомничен за  „помагање“ во кривично дело „убиство во обид“, информира Министерството за внатрешни работи (МВР) во редовниот Билтен.

Според МВР, завчера, во сендвичара во Охрид, Н.Т. од огнено оружје непозната марка испукал неколку куршуми кон И.А.(33) од Охрид, при што му нанел прострелни рани во пределот на двете нозе.

И.А. во контактибилна состојба бил пренесен во Специјална болница „Св. Еразмо“ Охрид, а Н.Т е пронајден и приведен во полициската станица Охрид.

Би можело да ве интересира

Приведени 15 лица поради безобѕирно управување моторно возило, петмина малолетници

За пет часа полицијата уапси 13 моторџии – одземени се пет мотоцикли

А1он

МВР предупредува за нов бран измамнички СМС пораки од „Безбеден град“

А1он

МВР го најде во Скопје Цуната кој и избега на полицијата во Кочани преку прозорец

Катерина Ѓуровски

Распишана е меѓународна потерница по кочанчанецот кој побегна од полициска станица

А1он

Син уби татко во Скопје

А1он