Махмуд Абас: Сега имаме држава

Од:

Палестинскиот претседател Махмуд Абас изјави дека Палестина остварила историски успех во ОН откако Генералното собрание на ОН и го унапреди статусот од ентитет набљудувач, во држава набљудувач, нечленка.

– Да, сега имаме држава, реле Абас пред насобраните луѓе кои го дочекаа по враќањето од Њујорк, каде од говорницата на Генералното собрание на ОН порача дека одлуката на тоа тело е „последна шанса“ да се спаси дводржавното решение со Израел.

За Абас беа приредени највисоки почести пред седиштето на претседателот, познат под називот Муката, каде на црвениот тепих го поздравуваа бројни официјални претставници.

– Палестина го оствари историскиот успех во ОН, порача Абас на насобраната маса во претседателскиот комплекс, каде неколку илјади сонародници со палестински знамиња во рацете го поздравуваа извикувајќи го неговото име.

– Светот силно кажа: Да – на палестинската држава, да – на слободата на Палестина и на нејзината независност, порачувајќи не – на насилството, не – на окупацијата и не – на населбите, додава тој.

Тој вети и дека по победата во ОН „негова прва и најважна задача“ ќе биде постигнување на единство меѓу Палестинците и обнова на напорите за помирување на ривалските палестински фракции – Фатах и Хамас.

Израелската Влада соопшти дека ќе блокира околу 90 милиони евра собрани од даноци, кои биле наменети за Палестинската управа, како одговор на одлуката на ОН на Палестина да и додели статус на држава нечленка.

– Од почетокот говоревме дека доделувањето од страна на ОН на статусот на земја нечленка нема да помине без реакции од страна на Израел, рече израелскиот министер за финансии Јувал Стајниц.

Тој рече дека тие средства ќе бидат искористени за враќање на долговите кои Палестинската управа ги има кон израелската електродистрибуција.

Би можело да ве интересира

Израелски министер за создавање палестинска држава: Со еден збор – не

Горан Наумовски

Ердоган го повика исламскиот свет да се обедини за поддршка на палестинскиот и либанскиот народ

Сараево: Голем број граѓани на протестен марш за Палестина

ПЛО: Израел сака да ги истреби Палестинците во северниот дел на Појасот Газа

Горан Наумовски

Макрон: Нетанјаху да се придржува до одлуките на ОН, телото што го создаде Израел

Десет лица загинаа во Газа додека чекаа ред за храна