СДСМ: Нервозата и паниката во ВМРО-ДПМНЕ не може да ги спречат промените!

Од:

„Поразената ВМРО-ДПМНЕ не може да се помири со фактот дека граѓаните на избори со пенкало го срушија режимот на Никола Груевски и избраа живот во Македонија.

Искршениот штаб на СДСМ во населбата Бардовци, што се случи по невротичниот прес на Влатко Ѓорчев, само ја потврдува нервозата и паниката што владеат во ВМРО-ДПМНЕ, по дебаклот на изборите во Македонија.

Мнозинството граѓани на Македонија гласаа за живот, за стабилност, за слобода, за промени и тие промените веќе се случуваат.

Заврши времето на политичари како обвинетиот за насилство Никола Груевски и криминалната власт на ВМРО-ДПМНЕ којашто граѓаните на овие избори ја испратија во историјата“, соопштуваат од СДСМ.

Би можело да ве интересира

СДСМ бара јавно да се објави извештајот за водата во Гостивар

Борозан: Власта да направи анализи на водата во цела држава и јавно да ги објави резултатите

СДСМ: Потрошувачката кошница 70.000 денари, минималната плата 26.000 денари – што вели статистиката на Мицкоски?

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Нови случаи на заболени во Гостивар, има и реинфекции: СДСМ обвинува дека власта пет недели нема решение

СДСМ: Пет недели гостиварци се мачат без вода, бадијала ветувањата на Мицкоски

Катерина Ѓуровски

ВМРО-ДПМНЕ: Мали Фрчко да го пријави Филипче – 400 испитувања покажале неисправна вода во Гостивар, а тоа се криело